Статуата на Меси во Буенос Аирес повторно уништена

Скулптурата на Лионел Меси која стои во Буенос Аирес е повторно нападната и уништена. Полицијата известува дека се работи за вандализам извршен од непозната група на луѓе, а статуата е најдена на падната земја со пресечени нозе.

Уметничкото дело кое стои во чест на најдобриот аргентински фудбалер во нивната историја веќе втор пат годинава е уништено, претходно во јануари месец му беа исечени рацете и торзото. Тогаш се интервенираше по брза постапка, па уништената статуа беше заменета со нова.

Се вчитува...