Ставрев ќе го суди мечот Келн-Бате Борисов - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Ставрев ќе го суди мечот Келн-Бате Борисов

Ставрев ќе го суди мечот Келн-Бате  Борисов

Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев од судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија во групната фаза на Лига на Европа меѓу Келн и Бате Борисов. Ќе  му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Никола Караколев. Зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Мечот се игра на 2  ноември.

Од германските екипи во европските купови Ставрев им има судено на Баерн  Минхен и на Хановер. Инаку во неговата богата судиска  кариера ова е четврти пат како ќе му суди  на  Бате  Борисов.

Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на мечот меѓу АЕК и Милан во Атина.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.