Ставрев ќе суди Коњаспор – Виторија Гимараеш во Лигата на Европа

Македонскиот арбитар, Александар Ставрев ќе суди на мечот Коњаспор – Виторија Гимараеш во рамките од групната фаза во Лигата на Европа. Негови помошници ќе бидат Марјан Кироски, Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека позади головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимоски.

За Ставрев ова ќе биде трет натпревар во Европа лигата на кој дели правда оваа сезона. Претходно беше главен арбитар на мечевите Утрехт – Лех Познан и Легија Варшава – Шериф Тираспол кои се играа во рамките од квалификациските рунди од истото натпреварување.

Натпреварот Коњаспор – Виторија Гимараеш е закажан за в четврток, 28. септември, со почеток од 19 часот.

Се вчитува...