Стеф Кари е „Господин 200 милиони“

Стеф Кари испиша нова страница во историјата на НБА-лигата, станувајќи прв кошаркар кој ја пробил границата од 200 милиони долари како вредност на договорот со својот клуб.

Имено, Кари ги договори сите детали за продолжување на договорот со Голден стејт, при што извонредниот бек во следните пет сезони ќе заработи вкупно 201 милион долари.

Се е договорено. Кари е „Господин 200 милиони“, сите детали се средени“ – потврди агентот на Стеф Кари, Џеф Остин.

Од САД стигнува и информацијата дека Блејк Грифин сепак ќе остане во ЛА клиперс, откако раководството на клубот му понудило огромни 173 милиони долари за петгодишна соработката, со што атрактивното крило ќе го има вториот најбогат договор во историјата на НБА, зад оној на Кари.

Се вчитува...