Стефан Ристовски со најбогата клаузула во мак-фудбалот

Стефан Ристовски во текот на утрешниот ден ќе го официјализира трансферот од Ријека во Спортинг Лисабон, со што десниот бек ќе стане и играчот со најбогата клаузула во мак-фудбалот. Имено, португалскиот гигант во договорот со Македонецот внел клаузула според која заинтересираните клубови ќе можат да го откупат Ристовски за сума од огромни 45 милиони евра.

Ова го открива португалскиот весник „Рекорд“, потврдувајќи дека членот на Ријека веќе се наоѓа во Лисабон, каде по лекарските прегледи и официјално ќе потпише договор со Спортинг. Висината на трансферот изнесува два милиони евра, а Ристовски ќе потпише петгодишен договор со својот нов клуб. Негов ривал за позицијата десен бек ќе биде Италијанецот Кристијано Пичини, но македонскиот интернационалец е фаворит за експресно да ја добие улогата на првотимец.

Само за споредба, Енис Барди во договорот со Леванте има клаузула од 25 милиони евра, речиси двојно помалку од она што Спортинг го внесе како сума во договорот со Ристовски.

 

Се вчитува...