Стеван Јоветиќ се сели во Монако

Монако ќе биде новиот клуб на Стеван Јоветиќ, откако црногорскиот голгетер ја избра токму понудата на „кнезовите“ за продолжување на својата. Јасно беше дека Јоветиќ сигурно ќе си замине од Интер, но во преден план досега беа Севилја и Њукасл како најсериозни опции за овој квалитетен голгетер.

Сепак, во последен момент на сцена стапија челниците на францускиот првак, кои експресно ги договориле деталите од овој трансфер. Француските медиуми јавуваат дека Јоветиќ вечерва е присутен на „Луј втори“ на дуелот меѓу Монако и Олимпик Марсеј, а утре по лекарските прегледи и официјално ќе го стави потписот на договорот со „кнезовите“, по што ќе бидат познти и повеќе детали околу овој трансфер.

Останува да се види дали Монако во Црногорецот гледа наследник на Килијан Мбапе, или „кнезовите“ до крајот на преодниот рок ќе доведат уште еден голгетер во своите редови.

Се вчитува...