Стоилов: Имав шут за победа, не ми е толку сладок бодот…

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Стојанче Стоилов можеше да биде јунак за победа, а можеше да стане и трагичар ако Германците го реализираа последниот напад. Но, Македонија е тим, се одбранивме и останавме непоразени во дуелот со актуелниот европски шампион. И што е уште поважно завршуваме први во групата и со три бода проидолжуваме во втората фаза во Вараждин. Тоа е најважно, но за големиот борец на цртата само делумна утеха по оној промашен удар.

Имав шут за победа и тогаш нерешено не ти е слатко“ – по малку разочарано вели Стојанче Стоилов .- „Имав шанса да го решам натпреварот. Избрзав , шутнав лошо… Среќа соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок како што можеа да бидат четири бода за втора фаза. Но, тоа е тоа. Денеска промашив, утре можеби ќе дадам, тоа е ракомет, тоа е спорт“

Одбраната на последниот напад на Германците дојде како мелем на рана за нашиот пикер кој во целиот натпревар успешно на грб ги носеше Германците.

„Нормално дека ми олесна ќе бев трагичар целосно. Вака колку толку ме покрија“ – вели Столе.

Веста дека во Д групата, Чешка ја победи Унгарија што е поповолна разврска за нас во вкрстувањетои во втората фаза, играчите ја дознаа во микс-зоната.

„Е, не знаев тоа. Супер. Тоа беше подобра варијанта. Не смеат да се потценат ни Чесите, нормално, сме играле многу пати со нив. Добро ги знеме, добро не знаат и тие. Не краси борбена игра се надевам дека ќе го пренесеме тоа и во Вараждин. Да се подготвиме добро, да одмориме Се надевам дека ќе играме со полни трибини со наши навивачи, полна сала Македонци. Па ќе видиме, ако се отвори нешто да направиме некој успех“ – вели Стојанче Стоилов.

Се вчитува...