Стоилов: Ние 2 милиони Македонци – сите против ПСЖ!

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Може ли Вардар до европскиот ракометен трон? Може, но ќе треба да ја искачи Ајфеловата кула, да го стави под нозе големиот ПСЖ, и потоа да загосподари со ракометна Европа. Способни се за тоа момците на Раул Гонзалес, а главен мотиватор секако е капитенот – Стојанче Стоилов. Тој вели, ќе биде потребна огромна поддршка од цела Македонија, во што и не се сомнева.

Вардарци знаат дека сите македонски срца денеска чукаат во еден ритам. Во финалето стои исправен моќниот ПСЖ, но што е тоа за заедничката сила што ја носат 2 милиони Македонци.

„Горд сум што сум капитен на овој Вардар. Ракометот е спорт број 1 во Македонија, е денеска 2 милиони Македонци ќе ни бидат поддрша. И верувам дека нема да ги изневериме. Ќе ’гинеме’ до последен атом на силите. Имаме шанси за триумф, иако е ПСЖ навистина страшен дрим – тим“, вели капитенот на Вардар.

Историјата почнува во 18 часот…Околу час и половина потоа…Вардар преку Ајфеловата кула – до кровот на Европа. Сите ние 2 милиони Македонци, се надеваме…Ќе навиваме, ќе бодриме…

Се вчитува...