Стоилов: Откако влегов тука, се чувствувам како да не промашив…А сите ме тешеа – како дете со лижавче…

Стојанче Стоилов беше разочаран по крајот на дуелот со Германија, но расположението драстично му се поправи откако ја виде атмосферата меѓу македонските навивачи во фан-зоната во барот „Роко“.

„Влегувам тука и се чувствувам како да дадов гол, не како да промашив. Не е лесно во ваков момент, фала што ми олеснувате. Морам нешто да кажам – сите од репрезентација ме прифатија како мало дете. Јас тажен, сите ме тешат… и ми доаѓа Жарко Пешевски вика брат, а бе таа штраубата каква беше. Демек плаче детето, дајте му лижавче“.

Тој испрати и благодарност до бројните навивачи кои дојдоа во Загреб за да ги бодрат нашите ракометари.

„Искрено, ви благодарам од се срце, и сите до еден да се видиме во Вараждин, да се радуваме на нови победи“ – порача Стоилов.

Се вчитува...