Столе Димитриевски бранеше против Барса, Гимнастик ремизираше

Гимнастик, тимот на Столе Димитриевски, вечерва играше пријателски натпревар против Барселона и ремизираше 1-1 во Тарагона. Македонскиот чувар на мрежата беше на голот на својот Гимнастик и, според извештаите од Шоанија, се покажа во одлично издание. Тој имаше неколку одлични интервенции и е еден од позаслужните за ремито што Гимнастик го оствари против каталонскиот гигант.

gimnastik - barsa

Гимнастик поведе во 11.минута со голот на Мануел Бареиро, а Барселона израмни преку Пако Алкасер во 79.минута. На овој меч, Барселона играше без Лионел Меси и Луис Суаерез.

Се вчитува...