Стонер повеќе не се гледа како натпреварувач во МотоГП

Многумина љубители на кралската класа во мотоциклизмот би сакале Кејси Стонер да се врати на трките, но тоа нема да се случи, барем не оваа година. Австралиецот, кој има две шампионски титули, се повлече од трките во МотоГП во 2012 година и се врати во Дукати каде ја има улогата на тест возач.

Стонер работи на унапредување на машината на која оваа сезона ќе се тркаат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.  Ова е петта година за Стонер како дел од развојниот тим на Дукати и неговиот статус во најскоро време нема да се промени.

„Апсолутно и дефинитивно оваа сезона нема да се натпреварувам. Имам други планови. Во моментов сум тест-возач кој помага во развојот на мотоциклот. Не сум ментор односно некој кој ги подучува возачите. Тоа се две различни професии, а мое е да го тестирам мотоциклот и да го подобрувам бидејќи најдобро знам што и е потребно на една машина за да се натпреварува. Единствената разлика од овој мотоцикл и стариот се аеродинамичните крилца, Нив ги нема и ние сè уште работиме на стабилноста при огромна брзина, Лоренцо во моментов не може да се навикне на новиот мотоцикл, но тој проблем мора сам да го реши, не можам јас никако да му помогнам“ – вели Стонер кој на претсезонските тестирања во Малезија имаше седмо најбрзо време.

Се вчитува...