СТОП за Самсоненко од Општина Аеродром!

Сергеј Самсоненко нема да гради комплекс од тениски игралишта во близина на СЦ „Јане Сандански“, откако новото раководство на Општина Аеродром реши да го раскине договорот што Русинот го имаше со претходниот градоначалник. Според истиот, рускиот газдата требаше да го добие земјиштето на 35 години без притоа да плати комуналии, а за возврат нудел само минимални бенефиции за Општина Аеродром и за Град Скопје.

Блискоста на Самсоненко со претходната власт сигурно беше една од причините за реализацијата на овој договор, но по согледување на сите аспекти на истиот, новиот Градоначалник на Аеродром, Златко Марин, реши да го раскине истиот со образложение дека не е во интерес на граѓаните.

Договорот за изградба на тениски игралишта со компанијата „Тенис парк“, во сопственост на Самсоненко, не е во интерес на граѓаните. Договорот предвидува Општината и Градот Скопје целосно да го ослободат инвеститорот од плаќање комуналии, а притоа граѓаните да добијат многу мали бенефиции за користење на игралиштата. Според Договорот, граѓаните би можеле бесплатно да користат само едно игралиште и тоа во ограничено време, додека комуналиите од кои се ослободува инвеститорот се во висина од еден милион евра. Инвеститорот го добива земјиштето на користење 35 години“, пишува во соопштението на Општина Аеродром.

Се вчитува...