Стоук се засили со Хесе Родригез од ПСЖ

Хесе Родригез го официјализираше привремениот трансфер во Стоук. Шпанецот одново го напушта ПСЖ и оди на позајмица, но овој пат ќе се докажува во Премиер-лигата. Хесе за ова лето е шестото засилување за „грнчарите“, по Дарен Флечер, Џош Тајмон, Курт Зума, Бруно Мартинс Инди и Максим Чупа Мотинг.

„Хесе е фудбалер кој се уште е во потрага по фудбалски предизвик. ПСЖ се согласи повторно да го даде на позајмица, а нас ние мило што Хесе од одбра Стоук. Му посакувам успешна сезона“, истакна извршниот директор, Тони Сколс.

Откако не се снајде во редовите на францускиот вицешампион, Хесе во зимскиот преоден рок од минатата сезона мораше да оди на позајмица во Лас Палмас, каде одигра 16 натпревари во Примера, а постигна и три гола.

24-годишниот напаѓач во Англија пристигнува како двократен освојувач на Лигата на шампиони, со Реал Мадрид во 2014 и 2016 година.

Откако го осигура трансферот на Родригез, Стоук го продаде Хоселу во премиерлигашки ривал, односно во екипата на Њукасл за сума од 5 милиони фунти.

 

Се вчитува...