Стравична повреда: Мејсон се бори за живот по судирот со Кејхил

Фудбалерот на англискиот премиерлгигаш Хал сити, Рајан Мејсон, се бори за живот по страшната повреда на главата што ја заработи на мечот против Челси, во судир со дефанзивецот Гери Кејхил. Тие имаа стравичен судир со главите во воздушен дуел, а Мејсон падна како покосен на теренот и потоа долго му беше укажувана помош. Беше изнесен на носилки и веднаш беше пренесен во клиника во Лондон, каде докторите се борат за неговиот живот.

Според медиумите од Островот, Рајан Мејсон заработил скршеници на черепот и има крварење во мозокот, а докторите се обидуваат да сторат се што е во нивна можност за да му го спасат животот.

 

 

Се вчитува...