Стрелаше Монако, ама ги изнервира и „граѓаните“…

Ревија од голови на „Етихад“ и триумф од 5-3 за Манчестер сити во прекрасниот меч што го приредија заедно со Монако во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Фалкао и Мбапе се опасен тандем и тоа го докажаа и против „граѓаните“ вечерва, но и Пеп Гвардиола има голгетерска машинерија во своите раце.

Стерлинг го отвори резултатот, а потоа Фалкао и Мбапе донесоа предност за Монако од 1-2 на полувремето. Фалкао не успеа да реализира пенал во 50.минута, тоа го казни Агуеро осум минути подоцна израмнувајќи го резултатот, но Фалкао се поправи и постигна погодок за 2-3.

Тоа како беше знак и машинеријата на Гвардиола да тргне во целосна офанзива. Агуеро повторно израмни, Стоунс донесе предност за „граѓаните“ од 4-3, а Сане погоди за убава предност на Манчестер сити пред реваншот во Франција.

Manchester City 5-3 Monaco – All Goals HD 21… by Goals_online

Се вчитува...