Судиите „слепи“: Голот на Србија – офсајд од ТРИ метри

Македонските фудбалери имаат право да бидат гневни на судиите од Шкотска поради огромниот превид при водечкиот погодок што го постигна Мијат Гачиновиќ.

Имено, во моментот кога Грујиќ паѓа како покосен (за што можеше да добие втор жолт картон, а играта да биде прекината) тој топката ја упатува кон Ѓурѓевиќ, при што српскиот голгетер се наоѓа во офсајд од најмалку три метри.

Како судиите можеа да направат волкав превид не е јасно, но во продолжението на истата акција Ѓурѓевиќ го проигра Гачиновиќ, кој биеше прецизно за 1-0.

Mijat Gacinovic Goal HD – Serbia U21 1-0 FYR… by riqezi

Се вчитува...