Судиите за Мундијалот опремени со специјални часовници

Судиите на претстојниот Мундијал во Русија ќе бидат опремени со специјални скапи часовници кои ќе имаат посебни функции и наликуваат на часовниците што ги носи Џејмс Бонд во популарните филмови за британскиот таен агент.

Функциите на овие часовници се прилагодени и специјализирани за фудбал, а ги произведува реномираниот „Hublot“. Моделот на овој часовник со полн назив „Hublot Big Bang Referre 2018 FIFA World Cup Russia“ ќе го носат сите арбитри на Мундијалот.

Сите оние кои ќе сакаат да го имаат овој модел во своја сопственост, за него ќе треба да издвојат околу 5.500 долари.

Од овие часовници ќе бидат произведени само 2018 примероци и тоа во различни бои. Некои од функциите што ги поседува часовникот е нотификација на почетокот на мечот, статистика во живо и регистрирање на секој гол на дисплејот.

Судиите ќе имаат помоќна верзија на часовниците кои нема да биде достапна во продажба туку ќе бидат наменети само за делителите на правдата на СП. Судиските часовници ќе бидат поврзани и со гол-технологијата и со ВАР- системот.

Се вчитува...