Судијата доживотно суспендиран, а мечот Јужна Африка – Сенегал ќе се преигра

Светската фудбалска организација (ФИФА) одлучи мечот меѓу Јужна Африка и Сенегал во квалификациите за Светското првенство да се преигра, а судијата Јозеф Лампти е доживотно суспендиран поради обид за лажирање на резултатот. Мечот треба да се преигра во ноември, а точниот датум се уште не е одреден.

ФИФА објави дека одлуката за повторно одигрување на натпреварот е донесена откако Судот за спортска арбитража ја потврди казната за доживотно суспендирње на судијата Јозеф Лампти од Гана. Тој е казнет според ставката за недозволено влијаење на резултатот на натпреварот.

Лампти на тој натпревар досуди пенал за Јужна Африка поради непостоечко играње со рака на дефанзивецот на Сенегал, Калиду Кулибали. На видеоснимката јасно се гледа дека топката го погоди фудбалерот во колено, а тој досуди пенал.

Јужна Африка го искористи пеналот и дојде до победа, што на таа селекција и е единствен триумф во последната рунда од квалификациите за СП во Русија.

Се вчитува...