„Судиската контрола“ со две одлуки донесе победа на Шпанија

Селекцијата на Шпанија во интересен дуел славеше на гостувањето против Франција со 0-2, меч што го одбележаа одлуките на „судиската контрола“. ФИФА почна со тестирање на ВАР технологијата уште на клупскиот мундијал, кога судии во комбе со специјална опрема од самиот стадион вршат „мониторинг“ на клучните одлуки, за потоа веднаш да го известат главниот арбитар, кој согласно нивните сугестии ја носи конечната одлука.

Феликс Мајер и неговите помошници имаа очаен меч, но за среќа на Шпанците „судиската контрола“ добро си ја заврши работата, па со промената на две клучни одлуки им ја донесе победата на избраниците на Лопетеги. Имено, при резултат 0-0 на стартот од второто полувреме „триколорите“ поведоа преку Гризман, домашните фанови неполна минута го славеа голот, пред судијата да се консултира со „контролата“ и погодокот исправно да биде поништен поради офсајд на Курзава.

Деулофеу веднаш по влегувањето во игра изнуди пенал што Давид Силва го претвори во гол за водство, за потоа во 77. минута повторно на сцена да стапи „судиската контрола“. Шпанците постигнаа и втор гол откако Деулофеу на додавање на Алба ја затресе мрежата на Љорис, но помошникот покажа дека станува збор за офсајд. Сепак, по прегледувањето на снимката беше утврдено дека Шпанецот не се наоѓал во недозволена позиција, по што главниот арбитар покажа кон центарот, за конечни 0-2.

Video Assistant Referee used in France vs… by claytonashurst

David Silva Goal France 0 – 1 Spain Friendly 28… by mamiewaymire

Gerard Deulofeu Goal France 0 – 2 Spain… by eurofoot2

Се вчитува...