Супер-деби во Романија: Костоски ја реши Орадеа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Супер-деби во Романија: Костоски ја реши Орадеа

Супер-деби во Романија: Костоски ја реши Орадеа

Александар Костоски не можеше да посака подобар почеток на својата кариера во Романија откако токму македонскиот ас го предводеше својот нов клуб Питешт до триумф над Орадеа 76-64. Стануваше збор за пресметка меѓу два тима кои имаа идентичен скор во пресрет на викендов, но токму македонскиот плејмејкер беше разликата, откако успеа да го раздвижи својот тим и да го предводи Питешт до значајна победа.

Екс-капитенот на Куманово веќе во првите пет минути постигна пет поени, за експресно двоцифрено водство од 12-2. Питешт потоа имаше и позитива од 18-2, првата четвртина заврши 18-4, а тимот на Костоски потоа знаеше како да ја одржи предноста до самиот крај. Орадеа се приближи на стартот од третата четвртина на 38-30, но следеа две тројки (онаа втората ја постигна токму Македонецот) со која Питешт повторно се одлепи и потоа не дозволи гостите ниту за миг да се понадеваат на камбек.

Македонскиот репрезентативен плејмејкер го заврши натпреварот со одлични 23 поени, четири асистенции, три скока и две украдени топки, со што потврди дека ќе биде огромно засилување за Питешт во оваа натпреварувачка сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.