Супер-Лацио со „шлаканица“ за скапиот Милан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Супер-Лацио со „шлаканица“ за скапиот Милан

Супер-Лацио со „шлаканица“ за скапиот Милан

Милан потроши над 200 милиони евра на нови фудбалери, но со денешниот дебакл од 4-1 на гостувањето против Лацио станува јасно дека Винченцо Монтела ќе има полни раце работа да ги воигра бројните засилувања кои пристигнаа во летниот преоден рок.

„Росонерите“ попладнево беа целосно разбиени од страна на „лацијалите“, кои покрај четирите погодоци можеа да постигнат уште некој, но сепак покажаа „милост“ кон големиот ривал. Чиро Имобиле беше човекот на одлука, откако италијанскиот репрезентативец во првото полувреме постигна два убави гола за водство од 2-0. Гостите се отворија на стартот од вториот дел и скапо платија, до 50. минута резултатот гласеше 4-0 откако Имобиле го комплетираше својот хет-трик, а веднаш потоа и Бразилецот Алберто го совлада Донарума.

Mонтела потоа ги уфрли во игра Чаланоглу и Калиниќ во 55. минута, но се што успеа да стори гостинскиот тим на овој меч беше почесниот погодок на Монтоливо, а за одбележување е дека Лацио го заврши мечот со десет фудбалер, по црвениот картон што во 90. минута го заработи Пароло.


Ciro Immobile Goal HD – Lazio 1-0 AC Milan – 10… by sonjamacleod


Ciro Immobile 2nd GOAL HD – Lazio 2-0 Milan 10… by livefutbolll


Ciro Immobile Hattrick Goal HD – Lazio 3-0 AC… by sharleenguglielmo


Luis Alberto Goal HD – Lazio 4-0 AC Milan 10… by Highlights-Serie-A


Riccardo Montolivo Goal HD – Lazio 4-1 AC Milan… by jason-pitt1

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.