Супер-малер: Се повреди при прослава на гол, ќе паузира шест месеци

Хамбургер скапо ја плати премиерната победа на стартот од новата сезона над Аугсбург, откако стрелецот на победничкиот гол, Николај Милер, при прославата на погодокот заработи тешка повреда на коленото.

Имено, Милер при доскокот од славењето незгодно згазнал, по што настрадале лигаментите, па сега му претстои пауза од дури шест месеци од фудбалските терени.

Дијагнозата на лекарите е голем шок за сите во клубот, особено што станува збор за прво коло од новата сезона. Жал ни е за Милер, му посакуваме што поскора рехабилитација. Секако, ние како клуб ќе сториме се за да му помогнеме“ – изјави спортскиот директор на Хамбургер, Јенс Тот.

Се вчитува...