Супер-Милан го избламира Баерн во Кина

Милан покажа зошто ривалите во Италија треба да стравуваат од „росонерите“ откако тимот на Винченцо Монтела попладнево го декласираше Баерн Минхен на пријателскиот меч одигран во Кина, со убедливи 4-0.

Баварците настапија со својот најсилен состав, но не успеаја да го најдат патот до мрежата на италијанскиот прволигаш, кој пак максимално ги користеше своите шанси Монтела им даде шанса на речиси сите фудбалери, а најдобро ја искористи младиот Кутроне, кој постигна два погодоци во првото полувреме. Еднаш прецизен беше и Кеси, кој пристигна од Аталанта, за водство од 3-0 по првите 45 минути, за печат на средбата да стави уште едно летно засилување, Хакан Чалханоглу, за конечни 4-0.

Bayern Munchen vs AC Milan 0-4 | All Goals… by soccerhub3651

Се вчитува...