Супер-Тричко: Хет – трик во Купот на Кипар

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични игри во дресот на кипарскиот АЕК Ларнака. Тој беше стрелец на хет – трик за својот тим во убедливиот триумф (1-6) на гости против Кармиотиса.

Популарниот Тричко сите три гола ги постигна во првото полувреме. Го отвори резултатот во 18.минута, на 0-2 зголеми во 39.минута, а две минути подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Во вториот дел, АЕК Ларнака продолжи да ја полни мрежата на Кармиотиса и на крајот славеше со убедливи 1-6.

Се вчитува...