Супер-засилување: Партизан го потпиша Раде Загорац

Партизан се мобилизираше по поразот од МЗТ Скопје и слабиот старт на сезоната, па белградските „црно-бели“ за неполн месец доведоа уште едно суперзасилување, по Самардо Самуелс. Станува збор за српскиот кошаркар Раде Загорац, кој во изминатите денови беше поврзуван со Црвена звезда, за на крајот да го одбие шампионот на АБА-лигата за да му се приклучи на Партизан.

Загорац е исклучително квалитетен кошаркар кој по врвните настапи за Мега лекс, по што одби бројни евролигашки понуди за да се пресели во НБА-лигата. Крилниот кошаркар сепак не се снајде најдобро во дресот на Мемфис гризлис, па по раскинот на договорот се врати во татковината и од неколкуте понуди ја избра онаа на Партизан.

Првичните информации велат дека Загорац ќе потпише договор до крајот на сезонава, иако не се исклучува можноста во следниот период да биде потпишан и договор за подолгорочна соработка.

Се вчитува...