Светскиот првак Германија ќе го бојкотира мундијалот во Русија?

Светскиот фудбалски првак Германија би можел да го бојкотира учеството на мундијалот кој следната година треба да се одржи во Русија. Засега ова е дел од политичка кампања, но можно е реториката и да се заостри во наредниот период, па да се премине и на дела.

„Во земја во која не се почитуваат основните човечки права не треба да се одржуваат светски првенства. Русија последните години се движи во опасна насока“, изјави заменик претседателот на владејачката партија во Германија, Михаел Фуш.

Германија е дел од квалификациите за СП 2018 во Русија и е неприкосновена во својата група. Сепак, можен е обид на дел од членките на Европската Унија да направат ваков притисок. Руските медиуми веќе најавија дека во следниот период западноевропските земји ќе се обидат да го оцрнат имиџот на организаторот на Светското првенство во 2018 година.

Се вчитува...