„Светците“ броеја до пет со Анже, а Кавани ја проби „стотката“

Фудбалерите на Пари Сен Жермен остварија уште една убедлива победа во домашниот шампионат, совладувајќи го Анже на гости со 0-5. Нејмар не играше на оваа средба, но Единсон Кавани ја презема работата, постигна два гола и ја проби „стотката“ во дресот на ПСЖ.

Двоен стрелец беше и Килијан Мбапе, а во листата на стрелците се запиша и Џулијан Дракслер.

Се вчитува...