Свонси не е дораснат ривал за Тотенхем

Тотенхем е првиот полуфиналист во ФА Купот на Англија откако „спарси“ попладнево премногу лесно и убедлива славеа на гостувањето против Свонси со 0-3.

Отсуството на Хари Кејн воопшто не се одрази врз играта на лондонскиот клуб, кој целосно доминираше и јасно стави до знаење дека е решен да атакува на трофејот во ова натпреварување. Кристијан Ериксен беше најзаслужен за победата постигнувајќи два погодоци, а еднаш меѓу стрелците се запиша Ламела.

Вечерва во вториот четвртфинален дуел ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Брајтон, а за утре се закажани дуелите меѓу Виган и Саутемптон, односно Лестер и Челси.

Се вчитува...