Тајрон Лу поради здравствени проблеми го напушти кормилото на Кливленд

Тајрон Лу поради здравствени проблеми од денес повеќе не е тренер на вицешампионот Кливленд кавалирс. 40-годишниот стратег во текот на оваа сезона се соочувал со непозната болест, па одлучи да се посвети на неговото опоравувајње на неодредено време.

Во преостанатиот дел од сезоната, тимот на Кливленд ќе го предводи досегашниот асистент, Лери Дру.

„По неколку советувања со медицинскиот тим на клубот, одлучив да отстапам од тренерската позиција со цел да се посветам на моето опоравување. Иако се трудев да да го решам проблемот и воедно да ја извршувам мојата функција во оваа франшижа, резултатите не се како што посакував. Се уште не ги откривме симптомите на моите мачнини и болки во градите, а за да го најдам решението и целосно да оздравам, ќе ми биде потребно време и посебна рехабилитација. Мојата цел е побрзо да са вратам „на нозе“ за да можам да продолжам на мојот проект со овој тим“, пишува во соопштението на Тајрон Лу кое го објавија „кавси“.

Предводникот на НБА шампионот од 2016 година, пропушти неколку натпревари во вториот дел од регуларната сезона токму поради овие причини. Не ја „заврши“ работата во второто полувреме од неделната пресметка против Чикаго булс (114-109), а тоа му беше трето отсуство сезонава. Претходно го пропушти триумфот на 21. декември повторно против „булси“, а не ја водеше екипата ниту во поразот од Орландо меџик на 6. февруари годинава.

Се вчитува...