Талески беспрекорен во неверојатниот триумф на Рајн Некар Левен

Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше убедлива победа против Лемго со 38-17 во натпреварот од 20.коло во Бундес-лигата. Актуелниот германски шампион беше апсолутно надмоќен во овој дуел и го реши дуелот уште по првите 15 минути.  „Лавовите“ имаа фантастична серија и водство од 14-0  по првата четвртина, па до крајот само рутински го потврдија триумфот со кој се зацврстуваат на лидерската позиција на табелата.

Македонскиот репрезентативец во дресот на Рајн Некар Левен максимално ефикасно ја искористи својата шанса на терен и натпреварот го заврши со четири гола од четири обиди и три асистенции. Еден гол повеќе од Талески постигнаа Енди Шмит и Патрик Грецки кои беа најефикасни во составот на Рајн Некар Левен.

Победа на домашен терен запиша и Филип Миркуловски со Вецлар во дуелот против Гепинген (37-24).

Се вчитува...