Талески: Манасков ми е како брат, најголем проблем во моментов ми е јазикот

Филип Талески мина неколку месеци во дресот на Некар Левен, веќе ги одигра првите натпревари и ги постигна првите голови за „лавовите“, но македонскиот репрезентативец е свесен дека во иднина од него се очекуваат многу подобри изданија во дресот на овој клуб. Во интервју за официјалната веб-страница на Некар Левен екс-капитенот на Металург говори за периодот на адаптација, но и значењето што во овој период го има крај себе репрезентативниот колега Дејан Манасков.

Дејан Манасков ми е како постар брат, тука е за мене за да ми помогне при сите проблеми. Тој ми помага со преводот кога се мачам со јазикот, но и прв човек кому се јавувам кога и да ми е потребно нешто. Јас сум млад човек што доаѓа во нова земја, живее сам и нормално е да ми е потребно време на адаптација. Најголем проблем во моментов ми е јазикот, одам на приватни часови и мислам дека штом почнам да говорам германски се ќе биде многу полесно“ – истакнува Талески.

Левиот бек не ја крие гордоста од досегашниот ракометен пат, од Крушево преку младинската школа на Металург до Некар Левен.

Јас сум од Крушево, но кога имав 13 години мајка ми дојде да работи во Скопје. Му пристапив на Металург, ги минав сите младински категории, работев напорно, на тактички и индивидуален план. Отсекогаш сум бил многу амбициозен, сакав да напредувам секој нов ден. Фактот дека млад заминав во Германија е чест за мене, но исто така и голема обврска“ – вели Филип Талески.

Некар Левен веќе беше елиминиран од Лигата на шампионите, а заостанува и во битката за титулата во Бундес-лигата.

Не би било лошо да тргнам со титула. Со нетрпение го очекувам секој нов меч во Бундес-лигата, како и фајналфор турнирот од Купот на Македонија што ќе се одржи во Хамбург. Знам колку долго нашите навивачи сонуваат за овој трофеј и ќе сторам се за да помогнам овој трофеј конечно да заврши во клупските трибини“ – истакнува македонскиот интернационалец во дресот на Некар Левен.

Се вчитува...