Талески: Пишуваме историја, но не сме го кажале последниот збор…!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Еден од најдобрите во македонскиот состав против Германците, Филип Талески очекувано не можеше да ја сокрие радоста по големото реми со европскиот шампион. Иако, може и да жалиме што ни избега победата по промашениот удар во последните секунди на Стојанче Стоилов…

„Секако дека може да бидеме презадоволни од ова реми, посебно затоа што завршивме како први во нашата група што не се случило во досегашните настапи на ЕП. Пишуваме историја, ова е навистина нешто феноменално но мора да останеме со ладни глави. Пренесуваме три бода во втората фаза од натпреварите, и мора да останеме концентрирани за следните три меча. Одигравме досега три супер дуели, но мора така да бидат и следните три натпревари ако сакаме навистина висок пласман на ова Европско првенство“ – ни изјави по мечот Филип Талески.

Се вчитува...