Тасевски: Првиот гол нѐ пресече, можевме да одиграме подобро

Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски, без некакви посебни импресии по поразот на неговиот тим од Работнички. Во дерби – натпреварот помеѓу Работнички и Силекс, Тасевски очекуваше поинаков резултат, но, сепак изненадувачкиот гол на Силјановски ги уништи плановите на кратовци, кои се надеваа дека од „Телеком арена“ ќе заминат барем со еден бод.

„Натпреварот не го оправда статусот дерби. Во првото полувреме можевме да направиме многу повеќе, но и домаќинот имаше шанси кои не ги искористи. Голот на Силјановски во второто полувреме не пресече, со оглед на тоа дека го примивме случајно. До крајот се обидувавме да изедначиме иако не создадовме вистинска шанса. Се отворивме и игравме поофанзивно, што не направи да бидеме ранливи во одбраната, а вториот гол на противникот беше казна на тоа. Им честитам на домаќините, нас ни останува да се подготвуваме за следните натпревари и сѐ додека има теоретски шанси за пласман во Европа, ние ќе се бориме“ – изјави Тасевски по натпреварот.

 

Се вчитува...