Тен Кате: Против Реал ќе ми требаат три автобуси

Тренерот на Ал Џазира, холандскиот стратег Хенк Тен Кате, на интересен начин го најави полуфиналниот дуел со Реал Мадрид, во рамките на Светското клупско првенство. Тој вели дека „кралскиот клуб“ е огромен фаворит, а на него ќе му бидат потребни три автобуси, кои би ги паркирал пред голот за да се одбрани од страшниот напад што го поседува Зинедин Зидан.

„Ќе ни бидат потребни три автобуси. Можеби ќе треба да се посоветувам со Мурињо. Се шегувам, треба да бидеме реални. Шансите за победа ни се минимални. Разликата во класи е огромна, но ветувам дека мојот тим ќе се бори до крајот. Ни постојано ги гледаме на телевизија мечевите од првенствата на Англија, Шпанија и на Германија, а сега моите фудбалери ќе застанат рамо до рамо со Кристијано Роналдо во тунелот и ќе играат против најдобрите во светот“, изјави Хенк Тен Кате.

Се вчитува...