Тенисер се обиде да бакне новинарка и “излета“ од Ролан Гарос (ВИДЕО)

Францускиот тенисер Максим Хаму (21) исфрлен е од Ролан Гарос бидејќи за време на интервјуто се обиде да ја бакне новинарката.

Раководството на францускиот гранслем, неговиот потег го отцени како непримерен. На видеото се гледа како младиот Французин се обидува да ја бакне новинарката Малу Томас, таа настојува да се оттргне, но тој не се откажува од својата намера.

По овој инцидент пред камерите, организаторите на Хаму му ја одзедоа акредитацијата и тој беше приморан да го напушти турнирот.

„Неговото однесување беше примитивно и за жал, ги рефлектира односите меѓу маж и жена што постојат во секојдневниот живот. Де не бевме во директен пренос, ќе го удрев“ – изјави новинарката Малу Томас.

Се вчитува...