Тенисерката Бушар излезе на состанок со навивач поради загубен облог на Твитер

Прекрасната канадска тенисерка Еугени Бушар го исполни ветувањето дека ќе излезе на состанок со еден навивач поради загубен облог на Твитер за време на Супербоул, финалниот дуел од НФЛ – лигата меѓу Атланта фалконс и Њу Ингланд патриотс. Атланта водеше со 28-3, а Бушар тврдеше дека овој тим е многу блиску до победа.

busar sostanok

„Ќе излезеш ли со мене, доколку се случи пресврт?“, ја праша навивачот на „патриотите“, Џон Герке, а таа веднаш кажа „Да“.

После сензационалниот пресврт, Бушар потврди дека ќе го исполни своето ветување. Канадската тенисерка го однесе навивачот на НБА мечот меѓу Бруклин и Милвоки.

Се вчитува...