Теодосиќ ја обнови повредата, но и повреден воодушевува во НБА лигата… (видео)

Милош Теодосиќ за помалку од полусезона во НБА стана еден од најомилените ликови во лигата. На популарноста на 30-годишниот руки на Клиперси не и смета ниту тоа што поради повреда пропушти две-третини од мечевите.

Мајсториите на Тео секоја вечера се повеќе се издвојуваат… Така беше и синоќа, без разлика што на крајот повторно заврши малерозно со обнова на неговата повреда.

Теодосиќ на синоќешниот дуел против Оклахома настапи само девет минути (четири поени и четири асистенции), но и во толку мал период беше доволно да ја воодушеви публиката со извонредна асистенција во првата четвртина…

Клиперси загубија од Оклахома со 117-127, во меч во кој победничкиот тим го предводеше Расел Вестбрук со 29 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Се вчитува...