Теодосиќ не е 100% фит, но ќе игра на Ф4 во Истанбул

Милош Теодосиќ ќе биде во составот на ЦСКА Москва за утрешниот полуфинален дуел против Олимпијакос, најави денеска тренерот на рускиот првак Димитрис Итудис. Српскиот плејмејкер веќе извесно време се мачи со повреда на мускулот на ногата, воопшто не беше во тимот по четвртфиналните пресметки со Басконија, поради што беше крајно неизвесно дали ќе може да настапи на претстојниот Ф4 во Истанбул.

Итудис е свесен дека Теодосиќ се уште не е максимално подготвен, но најави дека тој сигурно ќе биде во тимот против Олимпијакос.

Да не заборавиме, Теодосиќ играше повреден и против Басконија. Тој и тогаш не беше стопроцентно подготвен, но стисна заби за да му помогне на тимот, бидејќи е таков карактер и секогаш сака да победува. Тоа ќе биде случај и во Истанбул, каде што тој инсистира да игра и да ни помогне“ – изјави Итудис.

Милош Теодосиќ сезонава во Евролигата има просек од 16,2 поени, седум асистенции и 2,1 скокови по натпревар.

ЦСКА Москва и Олимпијакос ќе го играат првиот полуфинален меч на Ф4 турнирот, утре со почеток во 17.30 часот, додека во вториот дуел во 20.30 часот ќе се сретнат Реал Мадрид и Фенербахче.

Се вчитува...