Теодосиќ: Сите што ме селат во НБА ја потценуваат моќта на ЦСКА

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ одговори на шпекулациите за неговата евентуална преселба во НБА. Се споменуваат понуди од Денвер, Јута, Сан Антонио… Но, кошаркарот на ЦСКА, за српските медиуми открива дека засега нема ништо конкретно за негова дефинитивна преселба во САД. Српскиот тенисер потенцира и дека рускиот тим секогаш ќе има предност во преговорите.„Има многу приказни и „испитување на пулсот“. Но, нема ништо конкретно. Тоа ми одговара бидејќи можам да и се посветам на ЦСКА и на предизвиците што се пред нас“ – вели Теодосиќ.На прашањето дали постои некој услов кој е за него посебно важен за да ја продолжи кариерата во најсилната кошаркарска лига, српскиот кошаркар вели само дека не сака да седи на клупата.„Сите веќе ме преселија во НБА. А, што ако останам во ЦСКА? Мојот клуб има предност во преговорите и сигурно е дека прво ќе седнам на маса со московјаните. Затоа, не ја потценувајте моќта на рускиот шампион. Ќе видиме…Како и да се вика мојот клуб од ова лето вистината е една, нема да седам на клупа. Тоа сум го кажал сто пати. Тоа е мојот став. Имам квалитет и не ја сакам клупата, а се трудам со добри игри и да не бидам на неа. Така што, тука се е јасно“ – истакнува српскиот кошаркар.

Се вчитува...