Тери повторно ќе соработува со Појет, стоперот се сели во Кина?

Капитенот на Челси, Џон Тери, пред неколку дена најави дека по крајот на оваа сезона ќе го напушти клубот за кој играше цели 22 години. 36-годишниот стопер не се наигра сезонава откако Конте ја смени тактиката, стартуваше само на неколку натпревари, па смета дека е време да ја смени средината.

Кинеската лига е една од можните дестинации за Англичанецот, а неговиот поранешен колега од Челси, Густаво Појет, моментално тренерската кариера ја гради во богатиот Шангај Шенхуа и истакна дека во неговиот состав има место за ветеранот. Појет и Тери играа заедно четири години на „Стемфорд Бриџ“ и многу добро се познаваат, па ова пријателство може да биде клучен фактор околу ангажманот. Појет може да му гарантира место во првите единаесет, а и платата нема да биде проблем, тоа е веќе познато.

Уругвајскиот стратег не крие ја крие желбата да го доведе Тери во неговиот тим, што значи дека може да се очекува контакт околу трансфер откако договорот на дефанзивецот со „сините“ ќе заврши во јуни.

Се вчитува...