Тешка ноќ за Денвер – „воините“ пресилни, победи и на Детроит, Минесота и Њу Орлеанс

Голден стејт славеше против Денвер со 108-127 во еден од четирите синоќешните мечеви во НБА лигата.

Најдобар кај „воините“ беше Кевин Дурант со 25 поени и по 7 скока и асистенции, а го следеа Стеф Кари со 22 поени и 11 асистенции, како и Дрејмонд Грин со 15 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Сакраменто загуби од Детроит со 108-99, во меч во кој најдобар кај победниците беше Андре Драмонд со „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 19 скока, додека најефикасен беше Ејвори Бредли со 24 поени.

Во тимот на Сакраменто Зек Рендолфс постигна 19 поени, додека српскиот репрезентативец Богдановиќ мечот го заврши со 14 поени, и по еден скок и асистенција.

Минесота предводена од неверојатниот Карл-Ентони Таунс кој имаше „дабл-дабл“ од 31 поен и 12 скока го победи Далас со 112-99. Вигинс во победничкиот тим заврши со 23 поени.

Њу Орлеанс славеше, по продолжение, против Чикаго со 96-90. Во победничкиот тим двајца кошаркари имаа „дабл-дабл“ ефект, Ентони Дејвис со 27 поени и 16 скока, додека Демаркус Казинс постигна 25 поени, дополнети со 11 скока.

Се вчитува...