Тешка повреда – Наполи долго време без Гулам

Наполи претрпе пораз од Манчестер сити, но уште поголем проблем за тренерот Сари претставува повредата на Фаузи Гулам. Стандардниот лев бек настрада при една офанзивна акција во првото полувреме и мораше да биде заменет, а деталните прегледи ги потврдија стравувањата дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото.

Лекарските прегледи врз Гулам покажаа дека станува збор за скинати лигаменти. Во текот на утрешниот ден врз овој фудбалер ќе биде извршен хируршки зафат во Рим“ – се вели во клупското соопштение на „наполитанците“.

Паузата на алжирскиот репрезентативец ќе изнесува околу шест месеци, а раководството на Наполи ќе мора да реагира и во јануарскиот преоден рок да доведе нов лев бек, доколку сака да го издржи ритамот во трката за скудетото во Серија А.

Се вчитува...