Тешки противници за Металург и за Куманово во Челинџ купот

Македонските претставници во Челинџ-купот во женска конкуренција немаа среќа при денешната ждрепка, добивајќи незгодни противници уште на стартот од новата европска сезона.

Металург за ривал ќе го има шпанскиот прволигаш Малага, најмалку посакуваната екипа за противник со оглед на фактот дека станува збор за тим што беше најквалитетен меѓу неносителите при ждрепката. Уште поголем проблем за Металург е заминувањето на голем дел од првотимките од минатата сезона, па останува да се види со каков состав македонскиот состав ќе настапи на претстојниот двомеч во Челинџ-купот.

Вториот македонски тим во ова натпреварување, Куманово, налета на полскиот претставник Лублин, за кого денеска потпиша македонската репрезентативка Елена Петковска од МЕталург.

Првите натпревари ќе се играат на 11/12 ноември, додека реваншите ќе бидат одиграни една недела подоцна.

Се вчитува...