Тетекс прв четвртфиналист во Купот на Македонија

Македонскиот второлигаш Тетекс е првиот четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија. „Текстилците“ денеска во Тетово успеаја да го совладаат Кожув со 3-2, и по ремито (2-2) на првиот меч, го трасираа патот меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното фудбалско натпреварување во нашата држава.

Беше тоа интересен натпревар, Тетекс поведе со 2-0, но потоа Кожув возврати и успеа да израмни на 2-2. Сепак, победничкиот погодок беше дело на Енис Дервиши во 69.минута од средбата.

Се вчитува...