Тетекс сака опстанок: Триумф над Еуромилк за зголемени надежи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

Тетекс сака опстанок: Триумф над Еуромилк за зголемени надежи

Тетекс сака опстанок: Триумф над Еуромилк за зголемени надежи

Екипата на Тетекс не се откажува така лесно од битката за опстанок во прволигашката конкуренција, продолжувајќи ја борбата по победата од 1-0 против Еуромилк ГЛ во 20. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Марјан Билбилоски во 42. минута беше стрелец на единствениот гол „штофарите“ вреден три бода.

Тиквеш славеше со 2-1 против Новаци. Сите три гола на мечот паднаа во првото полувреме. Бакрачески и Никовиќ погодија за Тиквеш, додека Кире Степаноски беше стрелец за Новаци.

Вардар Неготино имаше можност да дојде до триумф над второпласираниот Скопје, но одигра 1-1. Домашните дојдоа до предност со голот на Влатко Коцев во 77. минута, а израмни Алексо Новески во 83. минута.

Академија Пандев одигра без победник (1-1) на гостувањето против Велазерими. Домашните дојдоа до предност со голот на Дани во 51. минута, а израмни Даниел Миловановиќ во 63. минута.

Првопласираните две екипи во лигата од следната сезона ќе играат во Првата лига, а третопласирана ќе игра бараж за пополнување на прволигашката конкуренција. Последнопласираните две екипи се селат во Трета лига, а осмопласираната ќе игра бараж за опстанок.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Тетекс – Еуромилк ГЛ 1-0

Велазерими – Академија Пандев 1-1

Вардар Неготино – Скопје 1-1

Тиквеш – Новаци 2-1

Хоризонт Т. – Металург 3-1

ТАБЕЛА: Академија Пандев 47 бода, Скопје 35, Еуромилк ГЛ 33, Новаци 32, Хоризонт Т. 29, Велазерими 23, Металург 23, Вардар Неготино 19, Тиквеш 19, Тетекс 18 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.