Шкендија претрпе убедлив пораз од 6-0 на гостувањето против Милан, резултат што можеше да биде уште покатастрофален доколку Захов не одбранеше неколку зицери на „росонерите“ кои целосно доминираа на теренот.
Уште пред мечот беше јасно кој е фаворит, а кој аутсајдер, но сепак не може да се побегне од впечатокот дека колку и да беше моќен Милан, Шкендија одигра без душа и храброст, ниту за момент не се обиде да ги замрси сметките на големиот фаворит, дозволувајќи му да доминира без престан цели 90 минути.
Тетовци делуваа како јагниња пред „волците“ од Милан кои и со половина сила броеја до шест, а што ли ќе беше доколку Монтела не го ротираше тимот, или доколку инсистираше максимално залагање од своите избраници. Милан покажа сила и класа, но од Шкендија не видовме ниту грам од храброста што го красеше македонскиот вицепрвак во досегашниот дел од европската авантура. Со тоа, се наруши одличниот впечаток оставен досега, а воедно и се расипа реваншот во Скопје, во кој сега дефинитивно ќе нема никаква резултатска тензија.
[new_royalslider id=”741″]
фото: sportmediaset.it
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА