Теута го претстави Мустафов како ново засилување

Македонскиот интернационалец Бурхан Мустафов е презентиран како ново засилување за албанскиот прволигаш Теута. Тој одлучи својата кариера да ја продолжи во албанското првенство, откако оваа зима го напушти македонскиот прволигаш Победа.

Мустафов е поранешен македонски репрезентативец до 21 година, кој своите почетоци ги имаше во Пелистер, а во последните 18 месеци го носеше дресот на Победа.

Претходно, Теута го ангажираше уште еден македонски интернационалец, Бојан Георгиевски.

Се вчитува...