Тежок пад на ЗОИ – Канадски олимпиец со скршена карлица

Канадскиот олимпиец во ски-крос, Крис дел Боско имаше тежок пад во својот настап во Пјонгчанг и со тешка повреда на карлицата беше итно пренесен во болница.

Канаѓанецот во својот настап во осминафиналето, загуби контрола при еден скок во воздух, по што следуваше тежок пад. Дел Боско беше на четвртото место кога се обиде да го изведе ризичниот скок што требаше да му донесе пласман во четвртфиналето. Меѓутоа, 35-годишниот скијач во ски-крос загуби контрола и тешко настрада.

Дел Боско десетина минути беше неподвижен во критична ситуација. Но, потоа ја подигна раката покажувајќи дека е во свесна состојба, итно беше мобилизиран и пренесен во болница, каде му е констатирана скршеница на карличната коска.

Се вчитува...