Барса остана без Маскерано во клучниот дел од сезоната

Барселона загуби убедливо од Јувентус во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а згора на тоа Луис Енрике остана без Хавиер Маскерано, кој заработи незгодна повреда на мечот во Торино. Аргентинецот сигурно ќе го пропушти дуелот со Реал Сосиедад в сабота во домашното првенство, а засега останува неизвесно дали ќе настапи на реванш дуелот со Јувентус и на „Ел класико“ против Реал Мадрид, само неколку дена по мечот со италијанскиот шампион.

Каталонците се на работ за неколку дена ја упропастат целата сезона. Поразите од Малага и Јувентус го отежнаа патот кон двата најпосакувани трофеи. Сега ќе им треба ново чудо за да се вратат од трите гола разлика против „старата дама“, додека на „Ел класико“ ќе настапат без целосното трио Меси, Суарез, Нејмар откако бразилскиот ас доби црвен картон во мечот против Малага.

Барселона во следните неколку натпревари нема да смета и на Арда Туран, Алеиш Видал и на Рафиња.

Се вчитува...