Тијаго Алкантара пред сензационален камбек во Барселона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
27/06/2017 14:42
Фудбал
27/06/2017 11:51
Фудбал
27/06/2017 12:33
Ракомет
26/06/2017 17:17

Тијаго Алкантара пред сензационален камбек во Барселона

Тијаго Алкантара пред сензационален камбек во Барселона

Играчот за врска на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, летово би можел да се врати во клубот каде се здоби со сето фудбалско знаење, во редовите на Барселона. Летното засилување, Андре Гомеш не ги оправда вложените средства во него, па Барселона одново ќе мора да купува играч од средниот ред. Тијаго е нивната главна мета, со оглед дека е играч од академијата кој многу брзо би се вклопил во старата средина и го познава системот на играта.

Бразилецот со шпански пасош во 2013 година го напушти „Камп Ноу“ и се пресели во германскиот гигант Баерн Минхен, истовремено кога Гвардиола седна на клупата на „баварците“. Никогаш не ја доби вистинската шанса да се докаже дека е подготвен за првиот тим на Барса, но затоа во Баерн Минхен и покрај повредите, Гвардиола, па сега и Анчелоти му дадоа доверба, а тој на секој натпревар максимално ја користеше. Сега е незаменлив во составот на Дон Карло, а совршено се вклопи со поискусните Артуро Видал и со Чаби Алонсо.

Баерн Минхен за него плати само 25 милиони евра, благодарение на клаузулата во договорот што го имаше со Барселона, во кој беше наведено дека тоа е сумата за негова продажба доколку не одигра 60% од натпреварите за каталонскиот клуб во сезоната.

Но, сега Алкантара е еден од водечките играчи за врска во Европа, па враќањето на Тијаго ќе ја чини Барселона многу повеќе…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.